Основното обвинителство во Приштина соопшти дека во средата се уапсени две лица по три рации во Липјан, каде било пронајдено и одземено оружје и магазини.
Обвинителството соопшти дека на уапсените Б.Б и Рр.Б им е одреден притвор во траење од 48 часа, за сторено кривично дело „сопственост, контрола или поседување оружје“, а одземени се три пушки, еден калашников и повеќе чаури.
Во моментов, исто така, се врши рација на повеќе локации поради сомнение за измама.