Во четвртокот вечерта се слушнале истрели во населбата „Брегу и Диелит“ во главниот град. Од косовската полиција потврдија дека веднаш излегле на лице место и ги презеле сите потребни полициски дејствија.
Косовската полиција соопшти дека на местото на настанот биле пронајдени и запленети неколку чаури. Засега нема информации за повредени.
Случајот се случил околу 21 часот и 30 минути.
„Додека полицијата активно работи на прибирање повеќе информации за идентификација на осомничените, истовремено продолжува и истражната работа со цел целосно расветлување на околностите на овој настан“, се вели во соопштението на полицијата.