ФИФА Евро 2024 KOHA.net

HRONIKA

Прободување во Приштина, тројца повредени - уште тројца уапсени

полицијата

Фото: Илустрација

Три лица се повредени во средата вечерта во Приштина на „Рруга Б“, по тепачка меѓу неколку лица.

Портпаролот на полицијата за регионот на Приштина, Агрон Боровци за КОХА изјави дека случајот се случил во 23 часот, при што двајца од повредените биле избодени со нож, а уште еден со алатот употребен во тепачката.

Според Боровци, повредените добиле лекарска помош во ККУК, а за случајот се уапсени уште тројца. Тој најави дека постои сомневање дека е пукано и од огненото оружје.

„Додека повредените се испратени во ККУК за укажување на потребната лекарска помош, полицијата активно ја продолжи работата со дејствија на увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија, кои резултираа со идентификација, локализирање и итно фаќање на три лица за кои исто така постои сомневање дека се инволвирани во предметниот случај“, се вели во соопштението на Боровци.

Полицијата соопшти дека ја продолжува истрагата за случајот.