Исмет Османи познат како Цури е пуштен од притвор.
Веста за КТВ ја потврди неговиот адвокат Албан Арифи, кој соопшти дека на неговиот клиент не му е одредена друга безбедносна мерка.
Бизнисменот Цури беше уапсен пред 5 месеци во широка акција на косовската полиција, заедно со уште неколку лица, осомничени за кривични дела лихварство, измама и принуда.
Во врска со ова, КТВ се обиде да добие одговор од Основниот суд на Приштина, но истиот се уште не вратил одговор.