Шест лица се убиени од вооружен маж во дом за стари лица во хрватскиот град Дарувар, источно од Загреб, објавија во понеделникот хрватските медиуми.
Како што објави „Индекс.хр“, убиецот побегнал од местото, но полицијата го уапсила. Тој е поранешен полицаец во пензија.
Инцидентот се случил во понеделникот наутро. Пет лица загинале на местото на настанот, додека уште едно починало во болница. Повредени се и неколку лица.