Претседателот на САД, Џо Бајден, ги повика Американците да го отфрлат политичкото насилство и повторно да се посветат на мирни решенија за споровите.
Еден ден по обидот за атентат врз поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, Бајден изјави дека во Америка нема место за било каков вид насилство.
„Пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија не враќа сите чекор назад. Во Америка нема место за насилство од каков било вид. Споровите ги решаваме на гласачка кутија, а не со куршуми“, рече тој.
ФБИ објави ажурирање за истрагата за обидот за атентат врз Трамп, но не понуди многу нови детали.
Бирото повтори дека сè уште не успеало да го разбере мотивот зошто Томас Мати Крукс можеби се обидел да го убие поранешниот претседател, но го испитува текот на настанот.
Крукс не им бил познат на властите во минатото и пиштолот што го користел во пукањето бил легално купен.
„Нема моментални грижи за јавната безбедност“, соопшти ФБИ, пренесе Би-Би-Си.