Кина ги промени имињата на стотици села во регионот Ксинџијанг, потег кој има за цел да ја избрише муслиманската ујгурска култура, соопшти Хјуман рајтс воч.
Според еден од неговите извештаи, стотици села во Ксинџијанг со имиња поврзани со ујгурската религија, историја или култура биле заменети меѓу 2009 и 2023 година.
Зборовите како „султан“ и „светилиште“ исчезнуваат од имињата на местата за да се заменат со термини како „хармонија“ и „среќа“, според студијата, пренесе Би-би-си.
Во последниве години, кинеските власти радикално се обидоа да го асимилираат ујгурското население во кинеската култура.
Истражувачите на организацијата открија дека имињата на 3,600 од 25,000 села во Ксинџијанг биле променети во текот на 14-годишниот период.