KOHA.net

СВЕТОТ

Хеликоптерот во кој се наоѓаше ерменскиот премиер принудно слета

Никол Пашинян

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, соопшти дека хеликоптерот со кој патувал принудно слетал поради лошите временски услови.

Тој рече дека немало никакви инциденти.

"Се е во ред. Поради лошите временски услови, нашиот хеликоптер неочекувано слета во Ванадзор. Сега патувањето го продолжуваме со автомобил“, напиша тој на Фејсбук.

Пашинјан се соочува со протести против него. Илјадници демонстранти излегоа во главниот град на Ерменија оваа недела поради неговите изјави дека ќе донесе мир со Азербејџан.

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, загина овој месец откако неговиот хеликоптер се урна во планинска област поради лоши временски услови.