Дигиталната платформа „Apple TV“ го објави трејлерот за возбудливата нова серија насловена како „Lucky“, каде што главната улога ја игра истакнатата холивудска актерка, Ања Тејлор-Џој, која е и извршен продуцент на проектот.
Врз основа на бестселерот од Мариса Стејпли, серијата следи грабеж од повеќе милиони долари што тргнал наопаку, принудувајќи ја измамничката Лаки да избега. Прогонувана од ФБИ и еден безмилосен криминален шеф, Лаки мора да се бори за својот живот - и за излез од оваа комплицирана, опасна ситуација.
Во глумечката екипа се и ѕвездите Анет Бенинг, Тимоти Олифант, Онџану Елис-Тејлор, Дру Старки, Клифтон Колинс Џуниор и Вилијам Фихтнер.
„Лаки“ премиерно ќе се прикаже глобално на Apple TV на 15 јули.
-
Рис Витерспун пофалена за нејзината работа во новата серија „Legally Blonde“
-
„Ел“, серијата базирана на приказната од филмовите „Легално русокоса“
-
Анџелина Џоли ја игра највозбудливата улога во нејзината кариера во „Кутура“
-
Аријана Гранде ги поддржува Де Ниро и Стилер во новиот трејлер за „Focker In-Law“
-
Шарлиз Терон се бори за опстанок во новиот филм „Апекс“