Едон Жегрова изрази оптимизам дека можат да ја остварат својата цел за квалификација на Светското првенство.
„Задоволство е што се квалификувавме во плејофот. Тоа е чекор, но следниот чекор се следните два натпревари. Со тимот што го имаме, веруваме дека ќе го постигнеме тоа. Посебна чест е кога играм за мојата земја. Секогаш сум имал поддршка од навивачите. Сон е да се биде дел од Јувентус, сè уште имам многу работа. Во моментов се чувствувам многу добро. Сум 100 проценти подготвен. И клубот го знае тоа. Само треба да продолжам да работам уште понапорно“, рече тој.