(Ажуриран текст) - Барселона ја одржува предноста од девет бода во однос на второпласираниот Реал Мадрид.
Барса победи со 1-0 во среда навечер против Селта Виго. Натпреварот се играше во рамките на 33-тото коло.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеЛамин Јамал го постигна единствениот гол од пенал во 40-тата минута, а потоа беше заменет во деветтата минута од судиското продолжение на првото полувреме поради повреда.
Првопласираната Барселона има 82 бода, додека второпласираниот Реал Мадрид има 73.
Селта Виго останува со 44 бода.
Откриена причината за прекинот на натпреварот на „Камп Ноу“
Натпреварот помеѓу Барселона и Селта Виго е прекинат на крајот од првото полувреме. Играчите се на теренот, но не се активни.
Според „Марка“, натпреварот бил прекинат поради вонредна состојба на трибините.
Беше објавено дека на навивач на Селта му е укажана медицинска помош.
Барса води со 1:0.
Ламин Јамал го постигна голот, а потоа се повреди.