Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака ја коментираше европската квалификациска група за Светското првенство во 2026 година.
Косово, Швајцарија, Шведска и Словенија ќе се натпреваруваат во квалификациската група Б и ќе имаат за цел да се пласираат на Светското првенство што по две години ќе се организира во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.
Многу добра група, но многу тешка“, изјави Џака за противниците со кои ќе се соочи од есента следната година.
Швајцарија одигра три натпревари со Косово, два во квалификациите за ЕП 2024 што летово се организираше во Германија и еден пријателски.
Сите три натпревари завршија нерешено.
Меѓутоа, Швајцарија одамна нема играно со Шведска и Словенија.
„Косово има силен тим. Секако, тоа е посебен и пријатен натпревар за мене и моето семејство“, изјави Џака, пишува во петокот швајцарскиот весник „Блик“.