Напаѓачот Винисиус Јуниор е прогласен за најдобар фудбалер на месец октомври во тимот на Реал Мадрид. Ова го објави шпанскиот гигант во вторникот вечерта.
Бразилецот Винисиус сезонава на 17 одиграни натпревари во сите натпреварувања постигна 12 гола и имаше седум асистенции.
Во текот на изминатиот месец, 24-годишниот играч постигна пет гола. Тој постигна еден гол против Виљареал и Селта Виго. Додека против Дортмунд во Лигата на шампионите постигна уште три гола.
Винисиус заврши на второто место во гласањето за престижната награда „Златна топка“. Додека најголемата индивидуална награда ја освои играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри.