Екипата на Челзи не успеа да дојде до целосни бодови на натпреварот кој важеше за 17. коло во Премиер лигата.
Челзи одигра нерешено на гости кај Евертон без голови.
Гостите доминираа на натпреварот но на крајот освоија само еден бод.
Имаа 12 обиди за гол, но не успеаја да ги реализираат.
Челзи има 35 бодови и е на второто место.
Евертон има 16 бодови и се наоѓа на 15. место.