Велс стана првата земја што јавно ја повлече својата поддршка за Џани Инфантино да освои уште еден мандат како претседател на ФИФА.
Потегот на Велс следува по губењето на довербата во претседателот на ФИФА по неговиот неуспешен план за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори.
Фудбалската асоцијација на Велс потврди дека „ја повлекла својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за мандатот 2027-2031“.
Пред планот, Инфантино доби писмена поддршка од повеќето национални федерации.
„Неодамнешните неуспеси во доброто управување, процесите, лидерството, вредностите, управувањето со засегнатите страни, комуникацијата и здравата проценка нè доведоа во позиција каде што Инфантино ја изгуби нашата доверба да остане на чело на светскиот фудбал. Не можеме да прифатиме неуспех да ги ставиме интересите на фудбалот на прво место“, се вели во соопштението на Фудбалската асоцијација на Велс.