Удинезе ја постигна третата последователна победа во италијанската Серија А. Удинезе ја совлада Парма во понеделникот вечерта, во натпреварот со кој се сретна четвртата недела од италијанската фудбалска елита. Натпреварот го доби со резултат 3:2.
Удинезе се врати во вториот дел по негативата од 2:0 во првото полувреме. Парма поведе во втората минута преку Енрико Дел Прато. Стрелец на голот за 2:0 беше Анже-Јоан Бони во 43. минута. Удинезе на почетокот на вториот дел, точно во 49. минута го намали резултатот на 2:1. Стрелец на голот беше Лоренцо Лука. Флоријан Тавин најпрвин го израмни резултатот на 2:2 во 68. минута. Истиот играч беше стрелец на голот за 3:2 во 77. минута. Тоа беше гол за трета победа во низа во Серија А. Од 73. минута Парма играше со играч помалку на теренот. Мандела Кеита беше исклучен по вториот жолт картон. Удинезе е на првото место со десет бодови, додека Парма е на 12. позиција со четири бода.