Томас Тухел ќе биде на чело на репрезентацијата на Англија на Европското првенство во 2028 година, откако го продолжи договорот.
Договорот на германскиот тренер требаше да истече по Светското првенство, кое се одржува ова лето во Канада, Мексико и САД. Веста ја објави Англиската фудбалска асоцијација.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеТој беше кандидат да го преземе Манчестер Јунајтед, но одлучи да продолжи со „Трите лава“, објави „Скај Спортс“ во четврток.
„Не е тајна дека уживав во секоја минута од досегашната работа со играчите и тренерскиот персонал. Едвај чекам да го водам тимот на Светското првенство. Ова е неверојатна можност и ќе дадеме сѐ од себе за да ја направиме земјата горда“, изјави Тухел.