Најмалку три клуба од германската Бундеслига изразија интерес да го потпишат Мирлинд Даку во текот на овој преоден рок, објави рускиот медиум „bobosoccer“ во неделата.
„Три од клубовите заинтересирани за 28-годишникот се Аугсбург, Мајнц и Хамбург“, пишува рускиот медиум.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеДоговорот на играчот на Рубин Казан е со важност до крајот на јуни 2029 година. Според „Трансфермаркт“, вредноста на албанскиот напаѓач на трансфер пазарот е 10 милиони евра.
Оваа сезона, Даку одигра 22 натпревари за рускиот клуб, постигна 10 гола и имаше една асистенција.