Шешко остави добар впечаток во тековното издание на Бундеслигата со тимот на РБ Лајпциг, постигнувајќи 13 гола на 27 настапи. Придонесе и со две асистенции.
Со продажбата на 20-годишниот Лајпциг се обидува да ангажира нови играчи во летниот преоден рок. Репрезентативецот на Словенија на трансфер пазарот е проценет на околу 40 милиони евра.
Словенецот дојде во Лајпциг во јули минатата година од Салцбург и има договор до јуни 2028 година.
Тотенхем е заинтересиран за Гнабри
Германскиот напаѓач Серж Гнабри се очекува да ја напушти Бундеслигата за да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. „Football Insider“ во петокот објави дека тимот на Тотенхем пројавил интерес за Гнабри.
28-годишниот играч во Тотенхем се гледа како соодветно засилување за нападот, бидејќи Германецот може да игра на повеќе напаѓачки позиции. Гнабри оваа сезона во сите натпреварувања за Баерн постигна пет гола и имаше една асистенција на 17 натпревари.
Договорот со германскиот гигант завршува летото 2026. Со репрезентативецот на Германија на 45 одиграни натпревари постигна 22 гола.
Бетис контактира со Реал Мадрид за Гулер
Играчот од средниот ред Арда Ѓулер размислува да го напушти тимот на Реал Мадрид само една година по трансферот. Може да биде позајмен на Бетис ова лето, пишува во петок „Мундо депортиво“.
Екипата на Реал Бетис е заинтересирана да го позајми Гулер за следната сезона во Ла Лига.
Претходно интерес за Турчинот изрази и Милан.
Турскиот талент дојде во Реал пред почетокот на оваа сезона, но поради проблеми со повредите не може да ја покаже својата најдобра форма со шпанскиот тим.
За неговиот картон шпанскиот гигант на Фенербахче му плати 20 милиони евра, додека Ѓулер потпиша договор до летото 2029. Со дресот на Мадрид оваа сезона има постигнато еден гол на седум настапи.