По тешкиот пораз од 4:2 минатиот викенд од Вулверхемптон, Тотенхем доживеа нов пораз во понеделникот вечерта во англиската Премиер лига.
Тотенхем го загуби мечот на домашен терен од Нотингем со резултат 2:1.
Во 33. коло во англиската фудбалска елита се одигра натпреварот Тотенхем – Нотингем.
Двата гола Нотингем ги постигна во првото полувреме. Рано во петтата минута Елиот Андерсон постигна водство од 1-0.
Гостинскиот тим брзо го постигна вториот гол. Во 16. минута Крис Вуд го постигна голот за 2:0.
Тотенхем доцна се врати во игра. Ричарлисон погоди за 2:1 во 87. минута.
Немаше повеќе голови и победата му припадна на Нотингем.
Тотенхем е на 16. место со 37 бодови. Нотингем се искачи на третото место со 60 бодови.
На Тотенхем му претстои уште еден тежок натпревар. Во рамките на 34. коло,
Тотенхем игра на гости против лидерот Ливерпул.