Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е уверен дека францускиот напаѓач Антоан Гризман ќе блесне против Реал Мадрид.
Атлетико е домаќин на Реал Мадрид во среда од 21:00 часот во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Реал Мадрид го доби првиот натпревар на Сантијаго Бернабеу, со резултат 2:1.
Ова е воедно еден од најинтересните натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Утре Гризман ќе има одличен натпревар. Се разбира, јас сум апсолутно убеден дека ќе има одлична игра“, изјави Симеоне на прес-конференцијата во вторникот.
Симеоне верува дека неговиот тим ќе го победи Реал и ќе се пласира во четврт-финалето.
Верувам во играчите, верувам во тимот, го разбирам срцето што го имаат моите играчи, ќе продолжиме во Лигата на шампионите, бидејќи тоа е нашата крајна цел“, нагласи Симеоне.
Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се во жестока битка за титулата во Ла Лига.