Албанската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните две пријателски средби пред „Евро 2024“ во Унгарија. Ова во понеделник го соопшти Албанската фудбалска федерација.
Црвените на 3 јуни играат против Лихтенштајн, додека на 7 јуни против Азербејџан.
„АФЛ се договори со соодветните федерации натпреварите против Лихтенштајн и Азербејџан да се одиграат во Унгарија на „Халадас Спорткомплексум““, соопшти АФЛ.
Натпреварот со Лихтенштајн започнува во 20 часот, а со Азербејџан во 00 часот.
На 15 јуни Албанија го игра првиот натпревар на Евро 2024. Во Дортмунд се соочува со Италија.