Словенечкиот напаѓач Андраж Шпорар го коментираше поразот на Словенија од Косово во саботата во Љубљана. Косово победи со 2:0 и обезбеди бараж.
Шпорар по натпреварот нагласи дека настапот бил многу слаб против Косово.
„Едноставно бевме премногу слаби, противникот беше подобар во сите аспекти. Со десет играчи на теренот, беше уште потешко, а претходно не создадовме големи шанси. Тие беа подобри и не знам што друго да додадам. Косово ги добиваше дуелите“, изјави тој.