Кристијано Роналдо не запира со голови.
Португалската суперѕвезда во петокот постигна гол за Ал Наср, кој сепак беше поразен со 2:1 од Ал Итихади.
Натпреварот беше 13. коло од шампионатот на Саудиска Арабија.
За Роналдо тоа е 916. гол во кариерата. Полека се приближува до својот 1000-ти гол. Само оваа календарска година на 43 натпревари има 52 гола и седум асистенции.
Карим Бензема го постигна првиот гол за Ал Итихад во 55. минута. Роналдо израмни во 57. минута, додека Марио Митај асистираше за победничкиот гол на Ал Итихад во 91. минута.
Стрелец на голот беше Белгиецот Стивен Бергвијн.