Долгогодишниот играч на Барселона, Серхи Роберто, е трансфериран во МЛС лигата во САД. Лос Анџелес Галакси е тој што ги обезбеди услугите на 34-годишникот.
ЛА Галакси го потпиша Хирвинг Лозано претходно оваа недела, а сега и Роберто. Поранешниот капитен на Барса потпиша слободен трансфер, потпишувајќи договор до летото 2028 година, со можност за продолжување на уште една година. Роберто ги помина последните две сезони во Комо во Серија А.
Играчот од средниот ред беше во Барселона од 2010 до 2024 година.