Голем транспарент со натпис „Косова“ се појави во средата пред натпреварот Милан - Црвена Звезда. Вечерва од 21 часот се игра натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите помеѓу италијанскиот и српскиот клуб. Милан има многу албански навивачи, додека српските медиуми реагираа на транспарентот поставен на култниот стадион на Италија.
Скандал и провокација: Косовското знаме ги поздрави играчите на Звезда на Сан Сиро пред мечот со Милан“, е насловот на српскиот медиум „Телеграф“.