Напаѓачот на Албанија, Таулант Сефери го постигна првиот гол со дресот на турскиот клуб Бодрумспор. Сефери во петокот навечер го постигна победничкиот гол за Бодрумспор против Хатајспор со резултат 1:0.
Стрелец на голот беше Сефери во 27. минута. За Сефер тоа беше прв гол во двата одиграни натпревари сезонава во турската Суперлига.
Сефери и Арлинд Ајети одиграа 90 минути во Бодрумспор.
Во Хатајспор на клупата за резерви беше косовскиот голман Висар Бекај.