Чешка забележа тешка победа над Фарски Острови на домашен терен со резултат 2:1.
Овој натпревар беше дел од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Двата гола на Чешка ги постигна напаѓачот на Баер Леверкузен, Патрик Шик.
Шик првично ги доведе домашните во водство во 25. минута.
Гунар Ватнамар израмни во 83. минута.
Радоста на гостите не траеше долго бидејќи две минути подоцна Шик го постигна победничкиот гол за 2:1.
Чешка заедно со Фарските Острови, Црна Гора и Гибралтар се во групата Л.
Чешка гостува на Гибралтар во вторник од 20 часот и 45 минути.