KOHA.net

Ливерпул

Салах по пресметката со Клоп: Ако зборувам денеска, ќе има оган

Салах, Клоп

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, по вербалниот судир што го имаше со тренерот Јирген Клоп, изјави дека доколку тој зборува денеска тогаш ќе има оган.

„Ако зборувам денес... ќе има оган“, рече Египќанецот додека го напушташе стадионот на Вест Хем во саботата.

Но, Клоп по натпреварот изјави дека разговарале во соблекувалната за тој момент.

„Разговаравме за тоа во соблекувалната со момците, готово“, изјави германскиот селектор и додаде дека за него се завршило тука.

Салах и Клоп имаа збор еден со друг додека напаѓачот се подготвуваше да влезе на 10 минути до крајот. Сè беше фатено на камера. За да го запре Салах беше потребна интервенција на Дарвин Нуњез.

Ливерпул ремизираше 2:2 со Вест Хем и уште повеќе ги намали шансите за титулата.

Клоп ќе си замине на крајот од сезоната.

Моментот од судирот: