Армандо Садику продолжи со уште еден гол и асистенција во фудбалската елита на Индија.
Гоа, тимот на албанскиот напаѓач, во саботата на домашен терен го победи Бенгалуру со 3:0.
33-годишниот играч кој играше до 79. минута погоди за 1:0 во 63. минута, додека асистираше во 72. минута.
Тој сега има вкупно седум гола и една асистенција во досегашниот дел од сезоната.
Гоа по седум одиграни натпревари има девет бода, додека Белангуру е лидер со 16 бодови.