Тренерот на Рубин Казан, Франк Артига, објасни како заминувањето на напаѓачот Мирлинд Даку влијаело на натпреварот од првото коло од групната фаза на Купот на Русија. Рубин загуби со тешки 5-0 од Родина во вторникот.
„Секако, ваквите работи не се случајности. Но, погрешно е да се наоѓаат такви изговори. Постојат одвлекувања на вниманието, но е неправедно да се наоѓаат изговори. Можеме да се жалиме на недостаток на напаѓач, но со ваков резултат... Ова треба да ни служи како лекција. И треба да покажеме сосема поинакво лице во другите натпревари“, рече Артига.
Се очекува Даку наскоро да биде претставен во Спартак Москва.
Дардан Шабанхаџај играше до 52-та минута, додека на негово место беше заменет Велдин Хоџа.
Во 52-та минута беше вклучен и Назми Грипши.