Челзи и Ипсвич Таун влегоа во напредна фаза на преговори за да овозможат трансфер на албанскиот напаѓач, Армандо Броја од лондонските „сини“ во нововратениот тим во Премиер лигата.
Веста ја соопшти трансфер експертот Фабрицио Романо.
Како што рече, веќе се преговара за реактивирање на договорот што беше договорен пред денови, но дека трансферот пропаднал поради, како што е соопштено, неуспеси во медицинските тестови.
Според информациите, договорот бил 22-годишниот играч да замине на позајмица од Челзи, а Ипсвич е обврзан да му плати 30 милиони евра за конечно да го префрли - доколку остане во Премиер лигата.
Денеска е последниот ден од преодниот рок.