Проблемите за Реал Мадрид продолжија и во среда навечер.
По поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп од Барселона и заминувањето на Чаби Алонсо од тренерската позиција, Реал Мадрид е елиминиран и од Кралскиот Куп.
Кралскиот клуб, во првиот натпревар на Алваро Арбелоа како главен тренер, беше поразен со 3:2 на гостувањето кај Албасете, со што обезбеди четвртфинале од Кралскиот Куп.
Хави Вилар и Јефте Бетанкор, со два гола, ја обезбедија извонредната победа за клубот од Ла Лига 2.
Бетанкор го постигна победничкиот гол во 94-тата минута.
Франко Мастантуоно и Гонзало Гарсија ги постигнаа головите за мадридскиот тим.
Гарсија го израмни резултатот во првата минута од судиското продолжение, но три минути подоцна, Бетанкор постигна гол за големата победа.