Реал Бетис постигна гол во доцниот дел од натпреварот, во 94-тата минута, преку Хектор Белерин и успеа да освои бод на домашен терен против Реал Мадрид.
Бетис и Мадрид одиграа нерешено 1-1 во петокот навечер, во рамките на 32-то коло од Ла Лига.
И со ова реми, Реал Мадрид конечно е елиминиран од трката за титулата.
Винисиус Жуниор постигна гол за Реал Мадрид во 17-тата минута, но во четвртата минута од судиското продолжение, Белерин постигна гол за конечниот резултат.
Реал Мадрид останува на втората позиција со 74 бода, додека Реал Бетис се зацврстува на петтата позиција со 50 бода.
Остануваат уште пет кола до крајот на сезоната во Ла Лига.