Напаѓачот на Косово, Милот Рашица се врати од повредата. Тој во понеделникот тренираше заедно со остатокот од тимот на Бешикташ пред натпреварот против Сиваспор.
Но, настапот на Рашица во вторник за Купот на Турција против Сиваспор е под знак прашалник.
Рашица 22 дена отсуствуваше од Бешикташ поради повреда на десната нога. Рашица во оваа сезона на 18 натпревари постигна еден гол и четири асистенции.