Челзи ремизираше двапати против ПСЖ, но на крајот актуелниот победник во Лигата на шампионите триумфираше со три гола разлика.
Во среда навечер на „Паркот на принцовите“, Пари Сен Жермен го доби првиот натпревар од осминафиналето со 5:2.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеПредноста од три гола е огромна, но Челзи се надева дека ќе се врати во форма на домашен натпревар следната недела.
Бредли Баркола постигна гол за 1:0 во корист на Париз во 10-тата минута. Мало Густо израмни на 1:1 во 28-мата минута.
Усман Дембеле постигна гол во 40-тата минута за резултат од 2:1 во корист на Париз.
Со ваков резултат заврши првото полувреме.
Енцо Фернандез постигна гол за 2:2 во 57-та минута, додека Витиња обезбеди уште една предност за Французите. Тој постигна гол за 3:2 во 74-та минута. Хвича Кваратскелија постигна гол за 4:2 во 86-та минута. Квара го постигна и последниот гол, кој може да биде одлучувачки, во четвртата минута од судиското продолжение.