Се очекува Греам Потер официјално да биде најавен за нов селектор на шведската репрезентација, по отпуштањето на Данецот Јон Дал Томасон, објави „Скај Спорт“ во саботата.
Потер ќе има тешка задача, бидејќи Шведска моментално е на последното место во Групата Б од квалификациите за Светското првенство во 2026 година со само еден бод од четири натпревари.
Шведска претрпе порази од Косово во двата натпревари од групата, со 2:0 во Приштина и 1:0 во Гетеборг.
Победата во Гетеборг го помести Косово на второто место со седум бода, три помалку од водечката Швајцарија. Третопласираната Словенија има три бода.
Се очекува Потер привремено да ја преземе Шведска.
Следните два натпревари за Шведска се против Швајцарија на гости и против Словенија дома.
Потер беше отпуштен од Вест Хем минатиот месец.
Тој ја започна својата тренерска кариера во Остерсундс во Шведска. Исто така, ги тренираше Свонси, Брајтон и Челзи.