KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
фудбал

Пикфорд го брани Саутгејт

Голманот на Англија Џордан Пикфорд и селекторот Герет Саутгејт

Голманот на Англија Џордан Пикфорд и селекторот Герет Саутгејт

Англискиот голман Џордан Пикфорд му даде поддршка на селекторот Герет Саутгејт по многуте критики кои ги доби по двата одиграни натпревари на ЕП „Германија 2024“. 

Англија ремизираше и на вториот натпревар против Данска со резултат 2:2, но беше критикувана од многу навивачи за начинот на кој одиграа во играта. 

Пикфорд во неделата на прес-конференцијата истакна дека Англичанецот Саутгејт не ги заслужува критиките кои ги добива. 

„Сите стојат зад менаџерот. Сè што правиме на тренинзите и на состаноците што ги имаме, тој брилијантно ни го испорачува и ни го дава вистинскиот план за игра. Не бевме совршени против Данска, но тоа е добро чувство бидејќи знаеме дека можеме да се подобриме. Знаеме дека имаме повеќе да дадеме на секој натпревар, така што да се биде на четири бода со многу напредок не е лошо чувство“, изјави Пикфорд. 

Англија на 25 јуни ќе игра против Словенија во финалниот натпревар од групата Ц.