Напаѓачот на Астон Вила, Маркус Рашфорд би можел предвреме да ја заврши сезоната.
„BBC“ во понеделникот објави дека Англичанецот Рашфорд има повреда на бутниот мускул и најверојатно нема да може да и помогне на Вила во преостанатите натпревари во Премиер лигата.
Остануваат уште четири круга до крајот на изданието.
Рашфорд го пропушти полуфиналето на Астон Вила во ФА Купот против Кристал Палас во саботата.
Ќе се направат дополнителни тестови за да се разбере степенот на повредата. Рашфорд (27) е на позајмица во Астон Вила до лето од Манчестер Јунајтед.
Сезонава на 41 одигран натпревар има постигнато 11 голови и девет асистенции.