Парма го доби натпреварот од 17-то коло на италијанската Серија А и ја продлабочи кризата на Фиорентина.
Натпреварот одржан во саботата попладне беше вреден за останување во елитата.
Со победата, Парма се искачи од зоната за испаѓање и сега има 17 бода по 16 натпревари, додека Фиорентина останува на последната позиција со само девет бода.
Оливер Соренсен беше стрелец на единствениот гол на натпреварот. Данецот постигна гол во 48-та минута.