Парма во саботата вечерта на стадионот „Енио Тардини“ во второто коло од Серија А забележа изненадувачка победа над Милан од 2:1.
Новиот тренер на Росонерите, Пауло Фонсека, допрва треба да ја чека првата тројка на официјален натпревар.
Парма ја отвори серијата голови во втората минута кога погоди Денис Ман.
Погоди по 83 секунди игра, со првиот допир со топката.
Кристијан Пулишиќ израмни за Милан во 66. минута откако максимално ја искористи асистенцијата на Рафаел Леао.
Но, замената Матео Канчелиери го врати водството на Парма 11 минути подоцна.
Со неговиот гол Парма освои целосни бодови на овој натпревар.
Милан има само еден бод од два меча.
На првиот меч со Торино ремизираше 2:2.