Гилермо Очоа, еден од најзначајните голмани во мексиканската историја, ќе ја заврши кариерата веднаш по Светското првенство.
40-годишникот ќе игра пред своите домашни навивачи, а потоа ќе стави крај на својата кариера. Тој е дел од многу мала група, заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои ќе се натпреваруваат на своето шесто Светско првенство.
Очоа првпат се натпреваруваше во Германија во 2006 година. Потоа играше за Мексико во Африка, Бразил, Русија и Катар.
Во текот на својата 22-годишна кариера, Очоа играл за клубови во Франција, Шпанија, Белгија, Италија и Португалија. Моментално е во АЕЛ Лимасол на Кипар.
Се очекува Очоа да биде еден од капитените на Мексико на Светското првенство, но не е познато дали ќе биде стартер.