Интер Мајами нема намера да игра на нерешен резултат во последниот натпревар од Групата А на Светското клупско првенство. Нерешен резултат против Палмеирас би ги испратил двата тима во нокаут фазата. Тоа би било огромно достигнување за Интер Мајами, кој го победи Порто и одигра нерешено со Ал Ахли. Натпреварот Интер Мајами - Палмеирас се игра во понеделник навечер во Мајами.
Палмеирас е лидер во групата поради гол-разлика. Палмеирас и Интер Мајами имаат по четири бода, додека Порто и Ал Ахли имаат по еден бод.
Натпреварот Порто - Ал Ахли исто така ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник. Значи, двата натпревари ќе се играат во исто време.
Сите четири екипи имаат свои шанси за квалификација во нокаут фазата. Но, судбината на групата е во рацете на Палмеирас и Интер Мајами. За да го задржи првото место, на Палмеирас му е потребен нерешен резултат.
„Ќе биде голема грешка ако излеземе на теренот размислувајќи за резултатот. Кога размислувате за резултатот, некои работи можат да се случат за време на натпреварот што многу го отежнуваат враќањето во игра. Нашата идеја е да одиме и да го добиеме натпреварот, како што секогаш сме правеле“, рече тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано.
Победникот од групата А ќе се соочи со второпласираната екипа од групата Б.