KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
фудбал

Мурињо и Фенер го загубија дербито против Галатасарај

Мурињо

Тренерот Жозе Мурињо и Фенербахче претрпеа пораз во дербито на шестото коло на турската Суперлига од Галатасарај со резултат 3:1. 

Гостите поведоа со автоголот на голманот Доминик Ливаковиќ во 20. минута. Осум минути подоцна Дрис Мертенс на асистенција на Виктор Осимхен погоди за 2:0. Последниот гол на натпреварот за Галатасарај го постигна играчот од средниот ред Габриел Сара во 60. минута. 

Стрелец на единствениот гол за Фенербахче беше Един Џеко од пенал во 63. минута. 

Галатасарај има шест победи во шест одиграни натпревари. Фенербахче има четири победи, еден пораз и едно реми.