Милан планира на лето трајно да го ангажира Жоао Феликс од Челзи.
За да го направи тоа, Милан ќе биде принуден да продаде двајца играчи за да го обезбеди картонот на Феликс, позајмен на Росонерите во јануарскиот преоден рок.
Милан размислува да ги продаде Тео Ернандез и Рафаел Леао на лето.
Ова го напиша во саботата медиумот „Ла Газета дело спорт“.
25-годишниот Португалец го постигна својот прв гол со Милан на дебито против Рома, во четвртфиналето на Копа Италија.