Суперѕвездата Килијан Мбапе изјави дека помагањето на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите е гордост за него.
Мбапе постигна два гола во победата од 4:1 над Барселона во вторникот вечерта. Со оваа победа ПСЖ се пласираше во полуфиналето со вкупен резултат 6:4.
Се очекува Мбапе на лето да го напушти Париз и да се пресели во Реал Мадрид. Тој рече дека не ја има на ум иднината, туку како да му помогне на Париз за првпат да ја освои Лигата на шампионите.
Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите со Париз“, изјави Мбапе.
„Од првиот ден горд сум што сум дел од ПСЖ. На мојата гордост не влијаат добрите и лошите времиња. Гордоста да играм за овој клуб, да го претставувам клубот на главниот град на мојата земја, е нешто посебно за мене кој израснав таму. Како Парижанец, доживувањето на ваква вечер е прекрасно. Мора да поминеме уште еден противник до полуфиналето, па мора да останеме смирени“, додаде Мбапе.