Поранешниот фудбалер на Валенсија и Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, си најде нов клуб во Австралија.
37-годишниот играч од средниот ред се приклучи на Мелбурн Виктори во австралиската А-лига. Мата неодамна играше за Вестерн Садни една сезона, а сега ќе настапува за Мелбурн Виктори.
Победникот на Светското првенство во 2010 година имаше успешна кариера, претходно играјќи за Висел Кобе во Јапонија и Галатасарај во Турција.