Лаутаро Мартинез потврди дека ќе продолжи да останува во Интер.
Мартинез е капитен на „нераѕурите“.
Искусниот напаѓач неодамна го освои италијанското првенство со Интер.
Мартинез даде долго интервју за „Газета дело Спорт“ и изрази желба да продолжи со Интер.
„Секако, би сакал. Јас и моето семејство сме среќни. Имаме ресторан, а децата одат на училиште и ги имаат своите пријатели. Тешко ми е да се замислам себеси некаде на друго место. Во фудбалот никогаш не се знае, но ако не ме отпуштат, ќе останам тука“, рече аргентинскиот репрезентативец.
Мартинез е дел од Интер од 2018 година, кога беше трансфериран од Расинг Клуб за 25 милиони евра.
исто така
Традицијата на играчите на Интер во финалето на Светското првенство продолжува
Договорот завршува во 2029 година.
Мартинез е најдобар стрелец оваа сезона во Серија А со 17 гола. Покрај своите 17 гола во првенството, тој има и шест асистенции.
28-годишникот постигна и четири гола во Лигата на шампионите и еден гол во Купот на Италија.