„Секако дека е посебно за мене. Ова е сон откако дојдов во Малме пред четири години. Се чувствувам навистина добро и горд што го претставувам овој клуб. Моето патување тука не беше лесно, но во академијата на Малме многу се развив како играч и како личност. Поминав низ најтешките периоди и се борев, па сега се чувствувам навистина добро. Би се опишал себеси како самоуверен централен играч од средниот ред, каде што разбирањето на играта е мојата најголема сила. Секогаш давам сто проценти за тимот“, изјави Љумница за веб-страницата на клубот.
Очекувањата од Малме за талентираниот 19-годишник се големи.
Тој е дел од репрезентацијата на Косово до 19 години.