Бразилскиот голман Алисон Бекер е повикан од тренерот на Ливерпул Арне Слот за натпреварот од Лигата на шампионите во вторник.
Ливерпул од 18:45 часот гостува кај Жирона.
32-годишниот Алисон ги пропушти последните 14 натпревари на Ливерпул поради повреда.
Англискиот гигант и покрај тоа што тренираше во понеделник попладне, ќе остане без португалскиот напаѓач Диого Јота, кој се уште не е подготвен за мечот.
Јота ќе остане во Мерсисајд за да го продолжи процесот на опоравување.
Дури и Јота, како и Алисон, ги пропушти последните 12 натпревари на Ливерпул поради повреда на мускулот.
Во Ливерпул се повредени и неколку фудбалери како Федерико Киеза, Ибрахима Конате и Конор Бредли.